Клуб 25 на млади крводарители
Клуб 25 на млади крводарители во ОО Црвен Крст - Битола
Со цел да ја промовира културата на крводарителството кај младата популација, зголемување на базата на крводарители меѓу возраста на група од 18 – 25 годишна воздраст, нивно задржување како трајни крводарители и тоа преку едукација и мотивација на младата популација во Средните и Високообразовните институции. Општинската Организација на Црвен Крст – Битола, на ден 07.03.2009 година со почеток во 14 часот свечено отвори Интернационален "Клуб 25" на млади крводарители во просториите на ОО Црвен Крст – Битола, проект кои за прв пат започнува да функционира во Р.Македонија, во рамките на организацијата.
Отворањето на " Клуб 25 " на млади крводарители е наменет за сите млади лица кои од 18 – 25 годишна воздраст кои имаат дарувано крв најмалку 5 пати. По тој повод беа поканети сите млади крводарители кои имаат дарувано минимум 5 пати до 25 годишна воздраст и беа промовирани како први членови на Клубот, како и волонтери од Клубот на млади при ОО Црвен Крст – Битола, кои активно заедно со членовите ќе се вклучат во успешно реализирање на Програмата за работа на " Клуб 25".
Почетокот на функционирањето на Клуб 25 на млади крводарители го означија Претседателот Д-р Диана Димитрова и секретарот на Општинската Организација на Црвен Крст – Битола, г-дин Нико Христовски. На Свеченото отворање од страна на Координаторот за младинско крводарителство при ОО Црвен Крст – Битола, Давор Трајковски беше презентирана програмата за работа на Клубот, интернационална видеопрезентација како и промовирање на членовите.
Покрај нив гости на отворањето беа Д-р Лилјана Лазаревска – трансфузиолог, првиот трансфузиолог во Службата за Трансфузиологија при Медицинскиот центар – Битола, како и гости од Клубот на крводарители од Градската организација на Црвен Крст – Скопје и други гости кои ја поздравија иницијативата и истовремено посакаа плодна и успешна работа на Клубот. Промоцијата на Клубот беше проследена од локалните (пишани и електронски ) медиуми, со што пошироката јавност беше запозната со отворањето на Клубот.