Понеделник, 16 Мај 2011 00:12
Во петокот на 13-ти Мај во кругот на „Магазата“ во Битола се одржа традиционалниот Општински натпревар по Прва помош со екипи од основни и средни училишта. На истиот учествуваа 11 екипи од основните 4 екипи од средните училишта. Екипите покажаа солидни знаења од областа на давање прва помош на повредени и за победникот решаваа само неколку бодови.
Во категоријата на основни училишта постигнати се следните резултати:



ООЦК Битола во соработка со Бугарскиот Црвен крст односно Црвениот крст на Регион Софија, реализираа заеднички проект.
На 18-ти односно 19-ти Март, во рамките на посетата по повод одбележувањето на 17-ти Март, Ден на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителството во РМ, потпишани се три спогодби за меѓународна соработка . Имено, ООЦК Битола, потпиша Спогодби за понатамошна соработка со Црвениот крст Врњачка Бања – Р.Србија, Црвениот крст Рашита – Р.Романија како и со Црвената полумесечина од Бурса – Р. Турција.
Во изминатата година Клубот на млади воспостави соработка со претставници од Америчкиот мировен корпус во Битола или поточно со Katie Kalinowski. Соработката се состоеше од заеднички средби на кои од страна на Црвен крст беше презентирана порграмата за обука на учениците по Прва помош во општина Битола.
На иницијатива на ООЦК Битола, на 10.02.2011 година, во просториите на Организацијата се одржа консултативен состанок со директорите на основните и средните училишта од Општината. Целта на состанокот беше да се информираат за обука по прва помош на наставници кои ги придружуваат учениците при нивните екскурзии.