Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Крводарување – навивачка група Чкембари

Крводарување Чкембари БитолаНа 22-ри септември пак, во спортската сала „Младост“  Битола, за прв пат се одржа крводарителска акција. На истата својата хуманост ја покажаа членовите на навивачката група „Чкембари“. Поводот да се организира оваа акција е одбележувањето на 25 години постоење на „Чкембари“ и покрај другите активности за прв пат се вклучија во една хумана акција – даруваа крв. За 2 часа колку што траеше акцијата крв даруваа 25 Чкембари.

Оваа акција е прва од ваков вид во која се вклучуваат „Чкембарите“ но јавно, преку локалните медиуми  ветија дека ќе се вклучат во останатите активности на нашата Организиција. Што се однесува до крводарувањето, оваа крводарителска акција ќе биде традиционална.