Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Активности за борба против шеќерната болест

Борба против шеќерната болестНа 3-ти Ноември, во соработка со Здружението на дијабетичари од Битола, во просториите на ООЦК Битола, беше организирано бесплатно мерење на шеќер во крвта за заинтересираните граѓани од Општината.

Младите волонтери на ООЦК Битола се вклучија во оваа активност, со тоа што го поделија промотивниот материјал низ градот и на тој начин населението беше информирано за оваа можност.

Соработката со Здружението ќе продолжи и понатаму, со цел да помогнеме за поголема информираност на населението за оваа болест и едукација за лечење на истата. ООЦК Битола ќе се вклучи и во одбележувањето на 14-ти Ноември, Светскиот ден на борба против шеќерната болест.