Најчитани вести во крводарителство
Под мотото „Староста е вредна за почит“ ООЦК Битола ја одбележа Неделата за грижа за стари лица, со повеќе активности. Меѓу останатите, беше организирана традиционалната посета на старите лица сместени во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. При тоа членови на Клубот на млади поминаа двочасовно дружење со лицата сместени во Домот и им подарија јужно овошје и ги засладија со кекси. Посетата беше збогатена со приредба со културно уметничка програма, која ја изведоа учениците од 5-то одделение од ОУ „Тодор Ангелевски“ заедно со нивната наставничка, а наш волонтер Добринка Филевска.
Старите лица беа задоволни со оваа посета и не поканија повторно да ги посетиме и во друга прилика, бидејќи сме им подариле еден од најубавите денови.
Во склоп на Неделата, исто така беа посетени 5 домаќинства на стари и сами лица и на истите им беа донирани хуманитарни пакети со прехрамбени производи.


