Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Ден на Волонтерите

Ден на волонтерствотоПо повод 5 Декември – Денот на Волонтерите, волонтерите од клубот на млади при ООЦК Битола  учествуваа  на Волонтерската парада која ја организира Младинскиот културен Центар Битола.  Под мотото „Со искуство до работа – волонтирај“, парадата беше организирана по Широк сокак па до факултетите и назад до просториите на МКЦ. Покрај волонтерите на Црвен крст на оваа парада учествуваа голем на млади од нашиот град а пред истите беше прочитан ВОЛОНТЕРСКИ МАНИФЕСТ со цел да се информираат и ги насоча младите на волонтирање.

Волонтерите присуствуваа на коктелот и дружењето на младите  кој беше во организирано во МКЦ каде и беа соопштени овогодишните  Национални волонтерски награди. На Национално ниво беа доделени шест награди од кои две му припаднаа на Волонтери на Црвен крст Битола и тоа:

Со брозен  сертификат за волонтирање беше наградена Ема Хаџиева - волонтер на ООЦК Битола, а специјален Сертификат за волонтирање доби нашиот долгогодишен волонтер Примариус  Д-р. Стевче Бојаџиев.