Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Хуманитарна акција на САБА и Црвен Крст

Хуманитарна акцијаУченици од гимназијата Јосип Броз Тито кој се дел од ПХВ обучени волонтери на Црвен крст Битола во соработка со учениците од САБА-средношколската академија за бизнис администрација изготвија Новогодишни честитки и други украсни предмети наменети за продажба за хуманитарни цели.

Под  мотото: „Отвори го срцето продолжи му го некому животот“ на 18 Декември –Св. Нектариј Битолски, заштитник на Битола, пред Веро на Широк Сокак,  учениците од „САБА“ и младите волонтери на ОО Црвен Крст Битола ќе постават штанд, на кој ќе ги изложат на продажба изработените новогодишни честитки и украсите. Собраните парични средства, како што претходно беше договорено, ќе бидат донирани за лекување на средношколец од нашиот град, кој е  воедно волонтер на Организацијата  и има потреба од истите.