Најчитани вести во крводарителство
Под мотото „Заштити се од предрасудите“ ООЦК Битола ја одбележа Неделата за борба против СИДАТА со повеќе активности.
Имено во соработка со преставници од Америчкото катче и младите од клубот на млади при ООЦК Битола на просторот кај „Магнолија“ беше поставен штанд со рекламен материјал на тема СИДА и заштита од неа. Исто така младите волонтери на организацијата поделија разни флаери, агитки, кондоми и слично на младите по кафулињата и на случајните минувачи по Широк сокак.
Вечерта беше организирана трибина во средношколскиот дом „Мирка Гинова“. На трибината за СИДАТА зборуаше Проф. Д-р Снежана Стоилова а учествуваа учениците во домот и ученици од другите средни училишта.
Во Америчкото катче предавање зa СИДАТА одржа Д-р Марија Врчковска - волонтер на организацијата пред членови млади волонтери од клубот на млади, членови на катчето и други млади.
Следуват работилници на оваа тема во срените училишта во градот.


