Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Донација на фантом кукли

Донација на фантом куклиВо изминатата година Клубот на млади воспостави соработка со претставници од Америчкиот мировен корпус во Битола или поточно со Katie Kalinowski. Соработката се состоеше од заеднички средби на кои од страна на Црвен крст беше презентирана порграмата за обука на учениците по Прва помош во општина Битола.

За да ја реализираме оваа програма меѓу другото потребни ни беа повеќе фантом кукли за реалистично прикажување на реанимацијата. Kalinowski сериозно ја сфати потребата од фантом куклите и се потруди да побара донатори за истите. На задоволство на двете страни во пресрет излегоа организацијата Operation Florian од Велика Британија. Во петокот на 04.03.2011 двајца претставници на споменатата организација заедно со Kalinowski од Американскиот мировен корпус ни донираа 5 фантом кукли (две бебиња, две деца и еден возрасен фантом).