Најчитани вести во крводарителство
На 18-ти односно 19-ти Март, во рамките на посетата по повод одбележувањето на 17-ти Март, Ден на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителството во РМ, потпишани се три спогодби за меѓународна соработка . Имено, ООЦК Битола, потпиша Спогодби за понатамошна соработка со Црвениот крст Врњачка Бања – Р.Србија, Црвениот крст Рашита – Р.Романија како и со Црвената полумесечина од Бурса – Р. Турција.
Со овие Спогодби, се проширува можноста на сите присутни во Битола, да се воспостават меѓусебни соработки, од кои подоцна произлегуваат позитивни активности. Така од сите присутни Организации, се очекува учество на нивни млади волонтери на Меѓународниот камп „Магарево 2011“ на Пелистер, а во текот на идните месеци, наши млади волонтери ќе бидат вклучени во активности, едукативни работилници, младински кампови и сл. што присутните на средбата во Битола ги организираат во нивните земји. Ваквата размена на волонтери, значи проширување на Меѓународната соработка, размена на искуства по различни области од работењето и применување на позитивните искуства кај нас или во работата на другите Организации на Црвен крст и Црвена Полумесечина.


