Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Општински натпревар по Прва помош 2011 - ООЦК Битола

Општински натпревар по Прва помош БитолаВо петокот на 13-ти Мај во кругот на „Магазата“ во Битола се одржа традиционалниот Општински натпревар по Прва помош со екипи од основни и средни училишта. На истиот учествуваа 11 екипи од основните 4 екипи од средните училишта. Екипите покажаа солидни знаења од областа на давање прва помош на повредени и за победникот решаваа само неколку бодови.

Во категоријата на основни училишта постигнати се следните резултати:

 

 

  • првото место го освои екипата на ОУ „Стив Наумов“ Битола,
  • второпласирана беше екипата на ОУ „Даме Груев“ од Долно Оризари,
  • треопласирана беше екипата на ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола.

 

Од средните училишта пласманот беше следниот:

 

  • 1-во место екипата на Гимназијата „Ј.Б.Тито“,
  • второ и трето место поделија Гимназијата „Таки Даскало“ и средното техничко улилиште „Ѓорги Наумов“ и
  • четврто место замјоделското училиште „Кузман Шапкарев“.

 

На победничките екипи, од страна на ООЦК Битола им беа врачени дипломи и скромни подароци, а на учесниците благодарници за учество.