Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Парк на хуманоста

 

Парк на хуманостаООЦК Битола во соработка со Бугарскиот Црвен крст односно Црвениот крст на Регион Софија, реализираа заеднички проект.

Истиот се одвиваше во деновите 21 и 22-ри Мај 2011 година во градскиот парк во Битола. Целта на истиот беше одбележување на Денот на жртвите од чумата на 20-от и 21-от век СИДА-та.

 

13 волонтери на Софискиот Црвен крст и 20-тина од ООЦК Битола, во саботата 22 Мај на дел од Гратскиот парк Битола, формираа Парк на хуманоста, со засадување на цвеќе и зимзелени дрвца и оформување на знакот на  Црвен крст – Битола и симболот за борба против СИДА-та црвената панделка, кој ќе остане во градскиот парк долг временски период и ќе биде доказ на вниманието и будноста кое ООЦК Битола го има према ХИВ позитивните лица, а секако и опомена за младите од оваа опасност.

Aктивностите потоа продолжија во просториите на ООЦК Битола каде гостите од Бугарија имаа своја презентација за ХИВ вирусот и сексуално преносливите болести, на која се приклучија повеќе млади волонтери на ООЦК Битола.

Парк на хуманоста ООЦК Битола и Црвен Крст Софија
Парк на хуманоста Битола
Парк на хуманоста во Битола
Парк на хуманоста park_na_humanosta5