Најчитани вести во крводарителство
Крводарителство - Црвен Крст Битола
Крводарување?
Крводарувањето е високо морален чин и чин за солидарност на секој здрав човек . Тој е чин кој доаѓа од највисоката сфера на свеста на човекот. Чин кој нема цена и со кој во даден момент можиме да спасиме нечиј живот. Со дарување на 350 мл. крв нема опасност по животот на крводарителот.
Кој може да биде крводарител?
Секој здрав човек од 18 - 65 год. воздраст со предходни лекарски прегледи , доброволно можи да стани крводарител. При крводарување нема опасност од пренос на заразни болести по крводарителот. Наша желба е со наш личен пример да регрутираме млади, нови крводарители, со здрави животни навики.
Што е трансфузија?
Идеја стара со векови, но денес реалност. Тоа е прелевање на крв од здрав на болен и повреден. Се уште не е пронајден друг извор за добивање на крв како тераписко средство, освен здравиот крводарител. Сите ние сме потенцијални приматели, но нашата желба е да бидеме здрави и привилегирани, па да можеме да ја даруваме нашата крв на оној што му е потребна ( повредени,оперирани,болни од карциноми, родилки, при најразлични елементарни непогоди).
Крв треба да имаме во секој момент од нашето живеење. Не знаеме кога и во кој момент ќе ни притреба.
Што се случува со подарената крв?
Се испитува на припадност на крвна група и Rh фактор, на заразни болести кои се пренесуваат со крв (жолтица,сифилис, сида) се конзервира, преработува и чува определено време.
Какви се потребите?
Потребно е околу 3% од населението да дарува крв за да имаме доволни количини за лекување на болните и повредените.
Со ваша помош ќе можеме да ја реализираме нашата хуманана мисија и да ја исполниме нашата задача во прв момент со доволни количини на крв, да обезбедиме лечење на болните и повредените.
Крвта треба да го чека болниот , а не болниот крвта!!!