Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Крвта во организмот - Црвен Крст - Битола

За крвта

За крвтаКрвта е течно ткиво кое се состои од течен дел или крвна плазма и крвни клетки. Во плазмата се наоѓаат мноштво на супстанци, како што се белковините одговорни за згрутчување на крвта (т.н. коагулациски фактори), јони, молекули битни за сите метаболни процеси во организамот. Крвните клетки се црвени крвни клетки или еритроцити, бели крвни клетки или леукоцити и крвни плочки или тромбоцити. Црвените крвни клетки се задолжени за пренесување на кислородот во ткивата и органите, белите за одбраната на организамот од потенцијално штетните надвотрешни агенси, а крвните плочки имаат улога во згрутчувањето на крвта.

Извор: Републички завод за трансфузиологија