Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Крвни групи и РХ фактор

Крвни групи и РХ фактори

Крвната група претставува класификација на крвта која се базира на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци кои се составен дел на мембраната на еритроцитите. Овие антигени може да се од видот на протеини, јаглехидрати, гликопротеини или гликолипиди (во зависност од системот за класификација на крвните групи), и некои од овие антигени се исто така присутни на мембраните на некои други типови на клетки. Неколку од овие антигени од еритроцитите кои потекнуваат од еден алел (или блиску поврзани гени) заедно формираат систем од крвни групи.

Крвните групи се наследуваат од двата родитела. Денес се познати вкупно 29 човечки системи од крвни групи кои се признаени од МЗКТ.

Дистрибуцијата на крвните групи меѓу нашето население е следната:

A B AB O
40% 18% 7% 35%

 

По АБО, најважен крвногрупен систем е Рх системот. 
Сите кои на еритроцитите имаат Рх фактор се Рх позитивни (85% од населението), оние кои немаат Рх фактор на еритроцитите се Рх негативни (15% од населението).

За компатибилноста за трансфузија на крв можете да прочитате тука.