Четврток , Февруари 23 , 2012

Пребарувај

Одржани крводарителски акции

Крводарување во СВР Битола

 

Крводарителска акција во СВР БитолаВо рамките на  акцијата „Полицијата дарува крв“ крводарителска акција во СВР Битола, се одржа на 15-ти Април со почеток во 09:00 часот, според Интегралниот план на крводарителски акции за полициски станици.

Акцијата како и секогаш, веќе многу години наназад – успешна. Во пријатна атмосфера,  крв даруваа 31 крводарител. Бројката ќе беше и поголема, но дел од вработените имаа теренска работа, а дел користеа одмор.  Оние кои не успејаа да присуствуваат на акцијата, поради разни причини, крв ќе  даруваат дополнително, во просториите на Службата за трансфузиологија при Клиничка болница Битола.

Наредната акција за крводарување во просториите на СВР Битола, ќе се одржи на 05-ти Август.

 

 

Крводарителска акција во ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола

Крводарителска акција ПЗУ ОралдентНа 15.02.2011 година, по 9-ти пат се одржа крводарителска акција во ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола. Истата беше доста успешна имајќи во предвид дека крв даруваа 15 дарители од планираните 10.

ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ - мала здравствена установа, секоја година организира ваква акција, на која крв даруваат како нејзиниот сопственик Др.Сашо Бојаџиев (минатогодишен добитник на Републичко признание за крводарителство),  пациенти чиј матичен лекар е Др.Сашо па и негови пријател и познаници од различни профили, кои својата крв сакаат да ја даруваат токму на таа акција за крводарување.

Вредно да се спомене е дека на оваа акција крв даруваа и 4 вработени во Ректоратот на Универзитетот Св. „Климент Охридски“ Битола, кои доброволно дојдоа во просториите на ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ и ја даруваа својата крв. Од нив, тројца беа првократни дарители. Се надеваме дека и други млади луѓе ќе го следат примерот на Др. Сашо, неговите пријатели и вработените во Ректоратот и ќе ја даруваат својата непроценлива крв, која можеби уште наредниот ден ќе спаси нечиј живот.

Секоја пофалба за ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола.

   

Крводарителска акција во РЕК ТЕРМО

Крводарителса акција РЕК ТЕРМОКако и секогаш и овој пат се одржа успешна крводарителска акција во РЕК Битола. Овој пат акцијата беше во РЕК ТЕРМО на 21.01.2011година. Во одлични просторни услови и одлична органзација, Рековци повторно ја покажаа својата неоспорна хуманост.

Крв даруваа 88 вработени за 4 часа колку што траеше акцијата. Тоа и ни дава за право да речеме дека истата беше и повеќе од успешна.

Ваква акција во декември месец се одржа во РЕК РУДНИК со 70 крвни единици.

За февруари месец во РЕК Битола веќе закажани усте 2 „помали“ акции за крводарување со по околу 50-60 крвни единици. На 10.01.2011 РЕК Рудник и на 25.01.2011 во РЕК Термо.

Заедно со вработените од РЕК, кои крв даруваат во Службата за трансфузиологија Битола, бројката на крвни единици кои ја даруваат вработените во РЕК е околу 550 дарувања годишно.

   

Крводарителска акција во ОО на СДСМ - Битола

Крводарителска ОО СДСМ БитолаНа 4-ти Ноември, Битола го одбележува Денот на ослободувањето.  По тој повод, во просториите на ОО на СДСМ Битола, се одржа акција за крводарување.  Акцијата беше поддржана од повеќе членови, а  крв даруваа 27 крводарители,  што значи дека оваа крводарителска акција може да се окарактеризира како успешна.Ова беше втора крводарителска акција што годинава се одржа во просториите на ОО на СДСМ Битола. Нередната ваква акција е закажана за месец април.

До крајот на овој месец ООЦК Битола веќе има закажано неколку крводарителски акции во фирми, организации и образовни институции во Битола.

   

Крводарителска акција во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола

ОК на ВМРО-ДПМНЕ БитолаВо саботата на 23-ти Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, во Битола во Просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ се одржа успешна крводарителска акција. Акцијата, по повод празникот се организира и одржува традиционално неколку години по ред и одзивот како и секоја година беше доста голем.

Следната крводарителска акција со крводарителите од оваа Основна организација ќе се одржи во месец мај 2012 година.

До крајот на овој и средината на наредниот месец, ООЦК Битола веќе има закажано неколку крводарителски акции, кои ќе се одржуваат во образовните институции, фирмите и организациите во Битола.

   

Страница 1 од 3