Најчитани вести во крводарителство
Крводарителство
Црвениот крст на Општина Битола е хуманитарна, волонтерска организација, која делува согласно со основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Светот во кои денес живееме по многу нешта се разликува од оној во времето на Андри Динан по битката кај Солферино. Секојдневието кое денес не опкружува се повеќе раѓа потреба од помош на многу загрозени и ранливи категории на луѓе од сите свери на нашето живеење.
Со надеж да бидеме поефикасни и поуспешни во помошта на тие ранливи категории, во наредната година, потребно е да развиваме стратегија на добар менаџер, што е главна карактеристика на секое модерно национално друштво на Црвениот крст.
Имаме определени планови и програми со конкретни задачи, кои со постојана мобилизација ќе го одржат чекорот со современите хуманитарни предизвици во земјата, па и надвор од неа. Посебно треба да се работи на полетето на мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор, што воопшто не е едноставно.
Секоја активност се гради со авторитет кои се стекнува со конструктивни контакти насочени кон идеите и визиите на организирањето. Затоа сме горди што превземаме голема одговорност да бидеме носители на модерен начин на размислување и планирање на активности, вооедно и тешка задача со која треба да одговориме на предизвиците на новото време.
Една од главните цели во иднина ќе ни бидат реформските процеси, со кои ќе делуваме на свеста, за промени во нашата Организација во редот на современа, модерна а вооедно и рамноправна членка во големото семејство на Црвен крст.
За таа цел основна задача ќе ни биде да се прилагодуваме кон новонастанатите услови за дејствување ( светска екомска криза, рецесии во сите области на живеење, зголемување на бројот на социјално загрозени, намалување на бројот на работни места ) и ефикасно искористување на човечките и материјалните ресурси за ефикасното и програмско давање на прва помош таму каде што треба.
Ние, не сме тие што бараме, ами тие што даваме, дејствуваме во службата на луѓето - од човек за човек. За поефикасна хуманитарна мисија потребно е постојано регрутирање на нови волонтери и широко членство. Луѓе кои сакаат дел од слободното време да го подарат на моќта што се вика хуманост а ништо да не очекуваат за возврат.
Посебно е важно овој момент да е присутен меѓу младата популација и меѓу сите етникуми, а тоа ќе го потврди фактот дека човечкиот ресурс е одличен фактор за развој на Организацијата. Вклучувањето на волонтерите, кои ќе бидат соодветно квалификувани ќе биде основа за добро менаџирање.
Денес во нашата Организација може да се разговара за нов и современ концепт на организирање на работата. Се повеќе се потпираме на сопствените ресурси и домашните донатори пред кои треба да бидеме отчетни и транспарентни. Исто, нашите напори ќе бидат во што поголема изработка на проекти од разни активности.
Ние постоиме и вредиме тогаш кога сме потребни, затоа треба да ги искористиме сите можности за мобилизирање на моќта на хуманоста, да ја подигнеме свеста на луѓето, дека кога помагаат се прави луѓе, моќни дека гордост е кога си во состојба да помагаш и кога сакаш да помагаш, дека кога неправиш ништо за другите не правиш ништо ни за самиот себе.