Недела , Мај 20 , 2012

Пребарувај

Крводарителска акција во Центар за социјални работи

Центар за социјални работи БитолаНа 31.05.2010 година, а по повод одбележување на Денот на згрижувачки семејства, се одржа крводарителска акција во Центарот за социјални работи Битола. Крв даруваа вработените во Центарот. Истата беше доста успешна со оглед на фактот дека подолго време во нивните простории не се одржала крводарителска акција. 

Акцијата беше одржана воочи Денот на згрижувачки семејства, а со цел истиот да се промовира низ граѓанството, беше проследена од медиумите во Општината, па граѓаните на Битола и пошироко имаа можност да видат дека вработените покрај тоа што нивната секојдневна работа е со ранливи целни групи, се хумани и надвор од работните места. 

Договорено е на овој ден секоја година да се одржува крводарителска акција  во нивните простории, а да се прошири и со крводарители од здруженијата кои се сместени  во истата зграда.