Најчитани вести во крводарителство
PDF Array Печати Array Е-пошта
Последно освежено на Недела, 05 Декември 2010 21:08 Недела, 05 Декември 2010 20:26
Во саботата на 12 јуни а по повод 14–ти ЈУНИ Светскиот ден на крводарителството на Пелистер – „Голема ливада“ се одржа традиционалната крводарителска акција.
На оваа акција крв даруваа вработени во Стручната служба и членови на Клубот на млади на ООЦК Битола, како и неколку членови на Собранието, Претседателот на ООЦК Битола Др.Димитрова и граѓани на Општина Битола, што значи дека Службата за трансфузиологија имаше полни раце работа. За оние кои сакаа да даруваат крв, ООЦК Битола имаше обезбедено автобуски превоз од Битола до „Голема ливада“. На сите присутни им беше обезбеден и ручек – Пелистерско гравче, а на оние кои даруваа крв и пригодни подароци.
Акцијата за крводарување и дружењето траеја до 15 часот, кога беше договорен превозот за Битола и мораше да се напушти ладот и пријатното време кое го имавме на Голема ливада.