Најчитани вести во крводарителство
PDF Array Печати Array Е-пошта
Последно освежено на Недела, 05 Декември 2010 21:08 Недела, 05 Декември 2010 20:29
Започна реализацијата на планираните крводарителски акции за летниот период. Планирани се повеќе крводарителски акции кои треба да ги задоволат потребите за крв во Општината, па и пошироко за пациенти кои се лекуваат во останатите медицински установи во државата. Од планираните акции во летниот период 3 се крводарителски акции на отворено.
Како и секоја година, првата летна акција и годинава се одржа во РЕК Термо – Битола на 25 Јуни. И покрај тешките услови за работа Рековци стандардно ја покажуваат својата хуманост. Крв даруваа 35 крводарители и тоа од оние крвни групи кои во моментот се потребни, а останатите 53 беа запишани за дарување крв на повик, во наредниот месец.
Наредната крводарителска акција во РЕК е во Рудникот, a е на 15 Јули, каде се oчекува исто така голем број на крводарители.