Најчитани вести во крводарителство
Недела, 05 Декември 2010 20:32
На 30.06.2010 година во Шумската полиција - Подрачната единица Битола, за прв пат беше организирана крводарителска акција. Крв даруваа 50 % од вработените во Подрачната единица, што е повеќе од одличен одзив.
За поздравување е што иницијативата за организирање на крводарителска акција потекна од нив и што повеќето беа првократни млади крводарители или поранешни дарители кои подолго време немаат дарувано крв.
Се договоривме дека крводарителски акции во нивната организација ќе се одржуваат 2-3 пати годишно.