Недела , Мај 20 , 2012

Пребарувај

Крводарителска акција во ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола

Крводарителска акција ПЗУ ОралдентНа 15.02.2011 година, по 9-ти пат се одржа крводарителска акција во ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола. Истата беше доста успешна имајќи во предвид дека крв даруваа 15 дарители од планираните 10.

ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ - мала здравствена установа, секоја година организира ваква акција, на која крв даруваат како нејзиниот сопственик Др.Сашо Бојаџиев (минатогодишен добитник на Републичко признание за крводарителство),  пациенти чиј матичен лекар е Др.Сашо па и негови пријател и познаници од различни профили, кои својата крв сакаат да ја даруваат токму на таа акција за крводарување.

Вредно да се спомене е дека на оваа акција крв даруваа и 4 вработени во Ректоратот на Универзитетот Св. „Климент Охридски“ Битола, кои доброволно дојдоа во просториите на ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ и ја даруваа својата крв. Од нив, тројца беа првократни дарители. Се надеваме дека и други млади луѓе ќе го следат примерот на Др. Сашо, неговите пријатели и вработените во Ректоратот и ќе ја даруваат својата непроценлива крв, која можеби уште наредниот ден ќе спаси нечиј живот.

Секоја пофалба за ПЗУ „ОРАЛДЕНТ“ Битола.