Најчитани вести во крводарителство
Петок, 15 Април 2011 00:00
Во рамките на акцијата „Полицијата дарува крв“ крводарителска акција во СВР Битола, се одржа на 15-ти Април со почеток во 09:00 часот, според Интегралниот план на крводарителски акции за полициски станици.
Акцијата како и секогаш, веќе многу години наназад – успешна. Во пријатна атмосфера, крв даруваа 31 крводарител. Бројката ќе беше и поголема, но дел од вработените имаа теренска работа, а дел користеа одмор. Оние кои не успејаа да присуствуваат на акцијата, поради разни причини, крв ќе даруваат дополнително, во просториите на Службата за трансфузиологија при Клиничка болница Битола.
Наредната акција за крводарување во просториите на СВР Битола, ќе се одржи на 05-ти Август.